Околу 60 отсто од мексиканските затвор се во рацете на организираниот криминал, објави Националната комисија за човекови права, независна организација која го претстави извештајот за состојбата во стотина затвори.Претседателот на Комисијата, Раул Пласенсиа на прес-конференција изјави дека CNDH посетиле 100 затвори оваа година и утврдиле дека во 60 отсто од нив постои самоуправување. Затворениците ги имаат клучевите од келиите, одредуваат казни, нудат заштита и организираат продажба на производи, мобилни телефони или храна.
Во последниве години ситуацијата се влошува како што потврдуваат и бегствата, конфликтите, и напади врз персоналот.
Во некои затвори на членовите на комисијата не им беше дозволен влез. Таков е случајот со затворот Piedras Negras во близина на границата со САД, од кој минатата недела избегаа 131 затвореник.
Во последниве години од мексиканскте затвори избегале 521 затвореник, а 352 затвореници биле убиени.
Мексикански затворите не се во состојба да се справат со насилството, како што немирите, судирите меѓу затворениците или самоубиствата. Во нив циркулираат оружје, дрога, проституција, дејствуваат групи кои ги контролираат затворениците.
Затворите се пренатрупани, бидејќи можат да сместат 188.000 затвореници, а сега ги има 237.580.