А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Извештајот за отсуствата на пратениците на собраниска Комисија

by А1он02/12/2014 - 08:32106
Share0

Собраниската Комисија за деловнички и мандатно-имунитетни прашања денеска ќе одржи седница со една точка на дневниот ред: Разгледување на извештајот за редовност на пратениците на седниците на Собранието на Република Македонија во периодот од 10 мај до 10 ноември 2014 година.

Добивај вести на вибер

Комисијата ќе заседава согласно членот 59 од Деловникот на Собранието и согласно членот 65 од Уставот на Република Македонија.

Доколку биде усвоена предлог-одлука на денешната седница на Комисијата, претседателот на Собранието Трајко Вељаноски треба да ја стави на дневен ред на првата наредна седница.

Пред две недели на координативната средба во Собранието, генералниот секретар Жарко Денковски го достави извештајот за отсуствата на пратениците, по што Комисијата за мандатно-имунитетни прашања беше задолжена да предложи заклучок.

Во работата на Собранието не учествуваат 31 пратеник од опозицијата.

Покрај оваа Комисија денеска седници ќе одржат и комисиите за финансирање и буџет, за транспорт, врски и екологија, како и Законодавно-правната комисија.

Комисијата за финансирање и буџет ќе расправа за Предлог-законот за задолжување на Република Македонија со заем кај Европската Банка за обнова и развој по Договорот за заем за финансирање на проектот „Изградба на нова и реконструкција на постојната делница Бељаковце – Крива Паланка – источниот дел од железничката пруга на Коридор VIII, фаза 2“, по скратена постапка, Предлог – законот за гаранција на Република Македонија на обврските по Договорот за заем за финансирање на Програмата за национални патишта, кој ќе се склучи меѓу Европската банка за обнова и развој и Јавното претпријатие за државни патишта, по скратена постапка и Предлог-закон за изменување на Законот за задолжителни нафтени резерви, по скратена постапка, сите во второ читање.

Членовите на Комисијата за транспорт, врски и екологија  ќе го разгледуваат Предлог – законот за изменување на Законот за продажба и давање под закуп на деловните згради и деловните простории на Република Македонија, по скратена постапка.

sobranie

Би можело да ве интересира

Албуљена Хаџиу избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски11/02/2026 - 18:3511/02/2026 - 19:01

Собранието го изгласа Законот за прекршоци – стартува проектот „Безбеден град“

Горан Наумовски23/01/2026 - 14:01

Гаши: Собранието мора да ја засили контролата врз работата на Владата

Горан Наумовски20/01/2026 - 12:26

На седница на Собранието измените на Кривичниот законик

Катерина Ѓуровски12/01/2026 - 08:39

Левица: Пратениците повторно испумпаа 14,4 милиони за патни трошоци, ние нема да учествуваме во овој грабеж

Горан Наумовски10/01/2026 - 11:0810/01/2026 - 11:10

Собранието со 73 гласа „за“ го донесе Законот за Судски совет

Горан Наумовски29/12/2025 - 13:2429/12/2025 - 13:44
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен