МВР: Нема пријава дека се украдени AFIS системи

Од:

Нема пријава дека некому биле украдени AFIS системи и дека тие не се на никаков начин поврзани со процедурата за издавање лични документи. Граѓаните треба да знаат дека никогаш не биле украдени или дека недостигаат оригинални бланко обрасци и оти тие обрасци не се произведуваат во земјава, туку во Германија, со најсофистицирана технологија ги произведува германската компанија која го печати и еврото, стои во реакцијата на МВР во врска со денешната прес-конференција на СДСМ.

Република Македонија има една од најсофистицираните и најбезбедните патни исправи во светот, се појаснува и се посочува дека граѓаните имаат право да знаат дека Република Македонија, токму во овој критериум доби највисока оценка од Европската комисија при доделување на визната либерализација,

– Граѓаните имаат право да знаат дека од страна на Државната изборна комисија каде претседателот се избира на предлог на опозицијата, нема ниту една пријава за гласање со фалсификувана исправа. Граѓаните имаат право да знаат дека нема ниту една пријава за гласање со фалсификувана исправа од избирачките одбори или набљудувачите, каде свои претставници имаше и СДСМ. Граѓаните имаат право да знаат дека нема пријава за употреба на фалсификувана македонска патна исправа од ниту една граница или друга земја, се вели во демантот од МВР.
Од МВР информираат дека граѓаните може да се обратат во секое време во Министерството и да се запознаат детално со сите постапки и процедури околу личните документи.

– Му стоиме на располагање и на СДСМ доколку поседува некаков доказ за злоупотреба, дури и на еден од илјадниците пасоши кои според партијата биле произведени во некаква фабрика, се вели во соопштението од МВР и се додава оти граѓаните не смеат да бидат потценувани со неточни и несериозни информации.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) МВР со засилени мерки против употребата на пиротехнички средства

А1он

ВИДЕО: Петардите не се играчка, оставаат последици и строго се забранети, предупредува МВР

Прекршочна постапка против градоначалникот на Струга за неупотреба на државното знаме

Систем „Безбеден град“: Излезот кон Тетово и Пластичарска – најризични делници во главниот град

А1он

Пријава за Џејла Рамовиќ, настапувала без дозвола во клуб во кичевско

СДСМ: Зошто МВР на Тошковски дозволило да се случи концертот на Аца Лукас