Проевропскиот блок партии во тесно водство по изборите во Молдавија

Од:

Блокот од проевропски партии има тесно водство по парламентарните избори во Молдавија, покажуваат првичните резултати од гласањето што се одржа во неделата.

По преброени 80 отсто од гласовите на Молдавците, трите партии кои агитираат за членство на Молдавија во ЕУ се наоѓа во водство со освоени 44 отсто, додека блокот партии кои се залагаат за потесни врски на оваа поранешна советска република со Русија добија 40 отсто од гласовите.

Поединечно, во водство е проруската Социјалистичка партија, која доби поддршка на 22 отсто од гласачите, потоа следи проевропската Либерално демократска партија со 19 отсто, а на трето место е Партијата на молдавските комунисти за која гласале 18 отсто од Молдавците.

Четвртата и петата позиција засега ја имаат две про-ЕУ партии кои имаат освоено 16, односно девет отсто од гласовите.

Набљудувачите во Кишињев веруваат дека прорускиот блок може да добие и поголема подршка од онаа што претходно се очекуваше, по одлуката на молдавските власти, непосредно пред гласањето да и се забрани на проруската Татковинска партија да учествува на изборите, затоа што беше обвинета дека примала пари за својата кампања од странство.

Гласачите во практично отцепениот молдавски регион Придњестровје, со кој управуваат проруските политички сили, не учествуваа на изборите за нов Парламент на Молдавија.

Изборите поминуваат во сенка на случувањата во соседна Украина, каде по соборувањето на поранешниот претседател Виктор Јанукович, Русија изврши анексија на Крим. Властите во Киев и Западот сега ја обвинуваат Москва дека воено и материјално го помага бунтот на проруските сили во источна Украина.

Блокот партии определени за приклучување кон ЕУ, во текот на кампањата ветуваше дека земјата ќе добие кандидатски статус во 2017, а покана за членство до 2020 година. Молдавија засега има потпишана спогодба за приближување кон Унијата, каква што има и Украина. Проруските партии пак заговараат потесни економски врски со Русија во рамките на новата заедница што ја заговара Москва со неколку поранешни советски републики.

Анализите покажуваат дека и по пребројувањето на сите гласови, ниту една партија сама не ќе може да формира влада, па на земјата и претстојат долги и тешки преговори за создавање на стабилен владин кабинет.

Би можело да ве интересира

ЦИК на Молдавија: Маја Санду го освои вториот мандат

Горан Наумовски

ВИДЕО: Се затресе силно и во Молдавија, снимена реакцијата на претседателката Санду

Предраг Петровиќ

Украина и Молдавија официјално ги отворија пристапните преговори со ЕУ

Горан Наумовски

Русија ги отвори избирачките места за претседателските избори во отцепениот регион на Молдавија

Горан Наумовски

Молдавскиот архимандрит Јероним пронајден во локва крв, неговиот убиец е пронајден мртов во шума

Горан Наумовски

Естонија и Молдавија избраа евровизиски претставници

А1он