Откриена нова група измамници за„ДДВ“, со фалсификати инкасирале 95.000 евра од буџетот

Од:

Финансиската полиција откри нова три члена група измамници за ДДВ која преку поднесување на фалсификувани ДДВ пријави до Управата за јавни приходи успеала да инкасира нешто повеќе од 95.000 евра по основ поврат на ДДВ од државната каса.

Организатор на групата е триесет и четири годишниот С.Љ од Скопје кој откако ја разработил шемата за поврат на ДДВ, ангажирал две лица социјални случаеви на кои за извесна сума на пари им регистрирал фирми на нивно име кои требало да бидат искористени за повратот на ДДВ-то.

Пријавениот С.Љ(34) најпрво ја основал фирмата КАМПИРИ ТРЕЈД ДООЕЛ Скопје во која како управител и овластен потписник на банкарската сметка го поставил лицето Г.К(38) од Скопје, лице со низок социјален статус кој својата егзистенција ја остварува со собирање на отпадоци и поправка на велосипеди. Преку оваа фирма пријавениот С.Љ(34) со намера да се стекне со противправна имотна корист во текот на 2013 година со посредство на Г.К(38) употребиле фалсификувана ДДВ пријава во која прикажале невистинити податоци за влезниот промет за наводно извршени набавки на стоки и услуги без да постои соодветна документација – фактури како и извршено плаќање на добавувачи, ги довеле во заблуда службените лица на УЈП и противзаконски и неосновано извршиле поврат на ДДВ и го оштетиле Буџетот на Република Македонија за износ од 49.000 евра. За добро завршената работа С.Љ(34) на Г.К(38) му исплатил во кеш 90.000 денари а остатокот од парите ги задржал за себе.

Бидејќи не се задоволил со 49.000 евра, пријавениот С.Љ(34), и на лицето М.С(33) од Скопје му отворил фирма со назив САЛИОВ ФЕШН ДООЕЛ Скопје каде М.С(33) си го назначил за управител и овластен потписник на банкарската сметка на која требало да пристигнат парите од УЈП. И за оваа фирма, пријавениот до Управата за јавни приходи во 2013 година доставил фалсификувана ДДВ пријава во која било искажано побарување за поврат на ДДВ иако фирмата буквално немала никаква деловна активност. Откако Управата за јавни риходи го одобрила повратот на ДДВ-то за САЛИОВ ФЕШН ДООЕЛ Скопје во износ од 46.000 евра, С.Љ заедно со „управителот“ на фирмата М.С, од банката ги подигнале во кеш сите пари по што истите биле земени од С.Љ а М.С добил само дневница за успешно завршената работа.

Финансиската полиција против трите осомничени лица до Основното јавно обвинителство во Скопје поднесе кривична пријава за сторени кривични дела „Измама“, „Фалсификување и уништување деловни книги“ и „Поттикнување“.

Би можело да ве интересира

Кривична за екс директорот на затворот во Струмица: Пуштал да се шетаат затвореници кои немале право на привилегии, манипулирал со документацијата

МВР бара помош од граѓаните: Кој има информација за Марк Јорис веднаш да не алармира

Претрес во Штип, пронајдена дрога

Предраг Петровиќ

МВР уапси двајца крадци кои краделе домашни животни

Пуштиле осуденик на слобода зошто немало место во затвор, кривична за тројца битолски полицајци

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Кузеска: Бројни советници по кабинети, масовна партизација на грбот на граѓаните и во МВР

Горан Наумовски