Кошаркарите на Црвена Звезда постигнаа победа во „вечното дерби“ совладувајќи го синоќа Партизан во рамките на 10.коло од АБА лигата. „Црвено-белите“ славеа победа со 76:67 (19:14, 19:8, 19:14, 19:31) и со тоа останаа единствената непоразена екипа во лигата.
Црвена Звезда доби три четвртини, а во сите четири постигнаа ист број поени 19. Најефикасен кај победникот беше Бранко Лазиќ со 15 поени, додека кај Партизан Милан Мачван постигна 20 поени.
На другите дуели од оваа рунда беа постигнати следниве резултати: Олимпија – МЗТ Скопје Аеродром 69:56, Задар – Крка 79:69, Будуќност – Шолнок 75:68, Игокеа – Левски 87:54 и Цибона – Металац 93:91.
Последниот натпревар од колото се игра вечерва меѓу Мега и Цедевита.
Табела: Црвена Звезда 10-0 (победи-порази), Будуќност 9-1, Олимпија 6-4, Цедевита 6-3, Крка 5-5, Партизан 5-5, Шолнок 5-5, Мега 5-4, Металац 4-6, Цибона 4-6, Игокеа 3-7, Задар 3-7, МЗТ Скопје Аеродром 3-7, Левски 1-9.