Здружението „Сенки и облаци“ денеска ќе го соопшти најдобриот дизајн за кондом-пакување од кампањата „Опуштено заштити се“.
На прес-конференција во Џебното кино на МКЦ, здружението ќе ги презентира и интернет страницата „Приказни во сенка“, како и едукативната претстава за репродуктивно здравје, ХИВ-СИДА „Приказни одходникот“ – театар на сенки.
Отворена ќе биде и изложба со сите пристигнати решенија на конкурсот „Опуштено заштити се“.