Македонија денеска ќе го одбележи 1 Декември, Светскиот ден за борба против СИДА-та.
Под мотото „Уживај во животот, преземи контрола, СТОП СИДА!“ Сојузот на студенти по медицина на Македонија во соработка со Студентскиот парламент на Универзитет „Св.Кирил и Методиј” и Х.Е.Р.А. со поддршка од брендот Дурекс, на платотот пред УКИМ на студентите ќе им делат едукативни материјали и кондоми Дурекс. Потоа на Правниот факултет „Јустинијан Први“ ќе се одржи трибина од претставниците на асоцијацијата „Х.Е.Р.А.“, а едукативни предавања ќе има и во средните училиште “Здравко Цветковски” и „Зеф Љуш Марку“.
Здружението „Сенки и облаци“, пак, денеска ќе го соопшти најдобриот дизајн за кондом-пакување од кампањата „Опуштено заштити се“ и ќе ги презентира интернет страницата „Приказни во сенка“, како и едукативната претстава за репродуктивно здравје, ХИВ-СИДА „Приказни одходникот“ – театар на сенки.
Отворена ќе биде и изложба со сите пристигнати решенија на конкурсот „Опуштено заштити се“.
По повод Меѓународниот ден на борба против СИДА-та предвидени се и неколку активности во општина Гостивар, организирани од Советот на млади.
Со цел да се подигне свеста кај граѓаните за оваа болест од 11 до 13 часот во центарот на градот ќе се делат флаери со информативна содржина, а во 19 часот во салата на Советот ќе се одржи предавање на кое присутните ќе можат подетално да се информираат за симптомите, превенцијата, третманот и статистиките на болеста.
Стручно предавање на тема „Посвети се, дружи се, оствари – генерација без сида“ќе се одржи и во Битола.