Додик ја предложи Цвијановиќ за мандатар на новата влада на РС

Од:

Претседателот на Република Српска Милорад Додик денеска ја предложи Жељка Цвијановиќ за мандатар на новиот состав на владата на РС, а очекувањата се дека ново-стариот премиер во парламентот на РС ќе биде потврден меѓу 15 и 20 декември.

Додик ги демантираше шпекулациите дека внатре во неговата партија Сојуз на независни социјалдемократи (СНДС) не постои согласност во врска со именувањето на мандатарот, истакнувајќи дека предлогот е усвоен со консензус во партијата, како и во целата коалиција СНДС-ДНС-СП.

Тој дополни дека Цвијановиќ ќе има поддршка и од двајца независни пратеници во Парламентот, што значи дека за нејзиниот мандат ќе кренат рака најмалку 44 пратеници.

– Моја и на новиот мандатар цел е да ја зајакнеме институционалната сила на РС. Избирајќи таква личност во ниту еден момент немав двоумење во тој поглед, нагласи Додик.

Би можело да ве интересира

Сијарто: Унгарија нема да гласа за санкции против избраните претставници на Република Српска

Додик: Единствено решение за БиХ е или нов договор или разделба

Додик: Нов договор или мирно да се разделиме

Порака од Москва: Обидот за укинување на Српска ќе има сериозни последици

Горан Наумовски

Полициски специјалци пред Палатата на Република Српска во Бања Лука

Горан Наумовски

Пожар во семејна куќа, пронајдени три јагленосани тела

А1он