Тужба против Украина од мајка на една од жртвите на летот МХ-17

Од:

Мајка на една од жртвите од малезискиот авион МХ-17, што се урна во Украина, поднесе тужба против Украина пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур.

Жената бара отштета од 800.000 евра од Украина за убиство од негрижа.

Во тужбата се наведува дека Украина требала да го затвори својот воздушен простор за цивилни летови по избувнувањето на судири во источниот дел на земјата.

Авионот Боинг 777 експлодира на 17 јули во источниот дел на Украина при што загинаа сите 298 патници, од кои 193 беа холандски државјани. Во авионот имало четворица германски државјани.

Киев и западните сили ги обвинуваат проруските сили дека го собориле авионот со руски ракети, што Москва го негира.

Би можело да ве интересира

Зеленски го претстави победничкиот план, има пет точки

Серија воздушни напади врз Киев

Тарнер: Украина има право да пука во цели во Русија

Русија: Евакуиравме над 30.000 луѓе од пограничните области со Украина

Русија: Околу 112.000 луѓе евакуирани од украинскиот упад во областа Курск

(ВИДЕО) ХУР: Уништен е стратешки руски воен авион