А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Градоначалникот Зоран Заев го доби признанието „Чувар на огнот“ од германската компанија Вајсхаупт

by А1он25/09/2012 - 13:5602/01/2017 - 20:58335
Share0

Општина Струмица денеска беше домаќин на Денот на Вајсхаупт, германска компанија за производство на опрема за гас. Овој ден се одржува повеќе од една деценија, традиционално секоја година во Скопје, но за прв пат годинава се дислоцира и тоа токму во Струмица.

Добивај вести на вибер

Оваа чест, општината ја заслужи со проектот за гасификација кој е во финална фаза, а за визијата и реализацијата, градоначалникот Зоран Заев го доби признанието „Чувар на огнот“. Покрај градоначалникот Заев, вакво признание доби и директорот на „Струмица гас“ Зоран Китанов, како и Миле Младеновски, сопственик на фирмата „Кратер“, одговорна за монтажа и пуштање во употреба на гасификацијата на Струмица и Илија Тикваровски од фирмата „Мартик’ која врши проектирање на термотехничка инсталација.

На презентацијата во хотелот „Глигоров“ присуствуваа претставници на Вајсхаупт и стопанственици кои имаа можност одблиску да се запознаат со гасните горилници на овој светски бренд, нивниот квалитет, економичност и сите други предности кои се нивен белег. Срдечно добредојде им посака градоначалникот, Зоран Заев, кој меѓу другото рече:

„Градот и општината немаат време за чекање на некакви големи стратегии, планови и ветувања за гасификација на македонија, нешто што сега за сега е во доменот на убави спакувани зборови. Ние решивме Струмица да ја гасифицираме со таканаречен виртуелен гас и тоа решение ја доживува својата вистинска реализација. Што тоа ќе значи за општината, за стопанството и граѓаните, во ова време на економската криза, не е потребно ни да се елаборира. Доволно е да се каже дека убавата приказна е дел од нас и дел од ова наше поднебје и дека таа приказна неминовно ќе има свој среќен крај“, рече градоначалникот Зоран Заев.

strumica

Би можело да ве интересира

Левица: Баџанакот на Мицкоски со бугарски фирми добива тендери од општина Струмица

Горан Наумовски25/12/2025 - 08:40

Трагедија во Струмица: 71-годишна жена е пронајдена почината во Градскиот парк

Горан Наумовски24/12/2025 - 11:2824/12/2025 - 11:44

Мртва жена e пронајдена во Градскиот парк во Струмица

Горан Наумовски24/12/2025 - 09:3124/12/2025 - 11:26

Во Кичево и Струмица надминат прагот на алармирање за аерочестички до 10 микрометри

Катерина Ѓуровски18/12/2025 - 12:12

Костадинов: Наводите за криминал со електричните автобуси се целосно неосновани

Горан Наумовски04/12/2025 - 15:05

Четворица струмичани од камион украдоа 160 вреќи компир

Горан Наумовски29/11/2025 - 19:5129/11/2025 - 20:45
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен