Победа за Работнички, пораз за Кожув во Првата кошаркарска лига

Од:

Кошаркарите на Работнички вечерва во рамките на дербито на 8.коло од Првата лига го совладаа Куманово, а Струмица направи изненадување со победата над Кожув пред своите навивачи.

Во салата „Градски парк“ Работнички со 69:60 го победи Куманово, а гостите на полувремето имаа предност од три поени (30:27). Најдобар играч на натпреварот беше Ѓорѓи Чековски со 23 поени и 9 скокови.

Изненадувањето во досегашниот дел од шампионатот го направи Струмица со победата над Кожув со 66:60. Најефикасен на дуелот беше домашниот кошаркар Тимчо Соколов со 29 поени и 13 скокови.

Утре се игра натпреварот Водњански лисици и Фени Индустри, додека слободна е екипата на Гоце Делчев.

Табела: Куманово 12 бода, МЗТ Скопје Аеродром 10, Работнички 10, Фени Индустри 10, Карпош Соколи 10, Струмица 10, Кожув 9, Гоце Делчев 8, Водњански Лисици 7…

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос