Цветков: Модерното земјоделство приоритет

Од:

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков денеска на земјоделската задруга „Вегефреш“ во струмичко Куклиш и ги предаде механизацијата и нарачаната опрема субвенционирана од Мистерството за земјоделство.

На својата прва средба со задругарите од Куклиш, министерот Цветков ја истакна подготвеноста да го помогне развојот на задругарството во сите сегменти.

– Министерството за земјоделство субвенционира 90 проценти во набавката на механизацијата во земјоделските задруги. За таа цел, годинава, преку Платежната агенција инвестиравме преку три милиони евра за набавка на потребната механизација и опрема. Сакаме да ги задржиме младите во оваа стопанска гранка преку директна помош и олеснувања со цел создавање на модерно земјоделство и оптимални услови за живот во руралните средини, посочи министерот.

Според него, земјоделската задруга „Вегевреш“ е убав пример за организирано здружување на земјоделците и нивен заеднички настап на пазарот, без посредство на прекупци.

Цветков ја нагласи заложбата на Владата за давање помош на земјоделците при набавката на земјоделската механизација и приклучни машини, изразувајќи притоа подготвеност за максимално и рационално искористување на 150-те милиони евра од субвенциите за 2015 ггодина, како и 20-те милиони евра кои на македонските земјоделци им стојат на располагање од ИПА Програмата на ЕУ.

Директорот на „Вегефреш“ Драги Памуков се заблагодари за ангажираноста и помошта на Министерството кое директно и ја предаде механизацијата на првата задруга во државата.

Би можело да ве интересира

Земјоделците од штипските села се жалат дека немаат вода за наводнување на културите

Трипуновски: Љупчо Николовски доделил 2.5 милиони евра надвор од процедура

A1on

МЗШВ: Усвоена Интервентната програма за поддршка во земјоделството за 2024 година

Македонското земјоделство ги доби првите сертифицирани советници

Николовски: 2024-та ќе биде година на нови предизвици, продолжуваме со силна реформска земјоделска политика

Николовски од Делчево: Ги повикувам сите земјоделци навремно да аплицираат, остварувајќи го правото на дополнителите директни плаќања за полјоделски култури, градинарски култури, овошни и лозови насади