Во Бахреин денеска се одржува вториот круг од изборите за долниот дом на парламентот, кои минуваат во бојкот на опозициските партии.
Првиот круг од изборите беше одржан минатиот викенд, кога само шест кандидати со апсолутно мнозинство гласови си обезбедија место во 40-домниот парламент.
Бахреин се соочува со улични немири уште од бунтот во февруари 2011 година, кој го покренаа мнозинските Шиити, кои бараат поголема политичка слобода во сунитската монархија.
Главната шиитска организација ал Вефак и други опозициски групи ги бојкотираат изборите, со образложение дека владата не ги спровела политичките реформи и не ги решила другите проблеми во периодот после протестите.