Либерман: Поволности за Арапите кои ќе заминат во палестинските територии

Од:

Министерот за надворешни работи на Израел Авигдор Либерман синоќа изјави  дека Израел треба да предложи економски поволности и да ги охрабри израелските Арапи да ја напуштат земјата и да продолжат да живеат во идната палестинска држава.

– Израелските Арапи кои одлучиле дека нивниот идентитет е палестински, можат да се откажат од израелското државјанство и да станат граѓани на идната палестинска држава, изјави Либерман во манифестот на неговата „Израел бејтану“ партија.

– Државата дури треба да ги охрабри тоа да го направат со помош на систем економски поволности, смета Либерман.

Израел има 1,7 милиони арапски граѓани, кои претставуваат 20 отсто од популацијата и тоа се Палестинци кои останале во земјата по создавањето на еврејската држава во 1948 година.

Би можело да ве интересира

Ганц: Нетанјаху го одби советот порано да влезе во Рафах

Горан Наумовски

Израел: Демонстрантите бараат итен договор за заложниците

Пронајдено телото на Шани Лук

Предраг Петровиќ

13 земји испратија предупредувачко писмо до Израел

Катерина Ѓуровски

Израел мора да увезе повеќе од 300.000 странски работници поради војната во Газа

Борел: Земјите-членки на ЕУ поделени за палестинското прашање