Македонскиот тенисер Томислав Јотовски во игра на двојки со хрватскиот тенисер Дује Кекез изборија пласман во полуфиналето на фјучрсот во Киш, Иран. Тие денеска во меч од четвртфиналето ги победија тенисерите од Индија, Кунал Ананд и Арпит Шарма со 7:5 и 7:6 (во тај брекот 7:2) во сетови.
За пласман во финалето конкуренти ќе им бидат вторите носители Алексис Мусиалек од Франција и Васко Менсурадо од Португалија.
Во поединечна конкуренција Јотовски беше елиминиран во првото коло. Најдобриот македонски тенисер пријавен е за настап на уште два турнира во Иран.