А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Статистика: Една четвртина од населението во 2012-та било сиромашно

by А1он28/11/2014 - 15:4329/11/2014 - 11:54157
Share0

Државниот завод за статистика измерил дека стапката на сиромашни лица во Македонија за 2012-та изнесувала 26,2 отсто.

Добивај вести на вибер

Во днешното соопштение објавено на Државниот завод за статистика стои дека, анализирано по типови на домаќинства, стапката на сиромаштија на домаќинствата составени од двајца возрасни со две издржувани деца во 2012 година е 24.3%.

Статистика измерила дека 11,1 отсто од вработените лица во земјава се сиромашни а Gini коефициентот (мерка за нееднаквоста во распределбата на приходите) изнесува 38.8%.

Во 2012 година 39,5 проценти од лицата имале потешкотии со плаќање сметки и рати од кредит, лица кои не можеле да си овозможат еднонеделен одмор во текот на годината изнесувал 73,6 проценти, 28,7 проценти не можеле да си дозволат автомобил.

Целото соопштение:

„Државниот завод за статистика, врз основа на податоците од Анкетата за приходи и услови за живеење која се спроведува во согласност со препораките на Европската унија, ги пресмета Лаекен индикаторите за сиромаштија за 2012 година. Основа на пресметките на сиромаштијата се приходите, а прагот на сиромаштијата е дефиниран на 60% од медијалниот еквивалентен приход. Во ова соопштение Државниот завод за статистика, исто така, ги објавува ревидираните податоци за Лаекен индикаторите за сиромаштија за 2010 и 2011 година.

Ревизијата е направена врз основа на имплементацијата на препораките од Евростат кои се однесуваат на калибрацијата на пондерите. Калибрација е техника за прилагодување на вредноста на пондерот за да се зголеми прецизноста на процената. Таа обезбедува начин на комбинирање на податоците од Анкетата со информации од други извори. Во истражувањето за приходи и услови за живеење податоците од процените на населението се земени како извор за калибрација на пондерите.

Според податоците, во 2012 година, стапката на сиромашни лица во Република Македонија изнесуваше 26.2%. Анализирано по типови на домаќинства, стапката на сиромаштија на домаќинствата составени од двајца возрасни со две издржувани деца во 2012 година е 24.3%. Според најфреквентниот статус на економска активност, стапката на сиромашни вработени лица е 11.1%, а Gini коефициентот (мерка за нееднаквоста во распределбата на приходите) изнесува 38.8%“.

siromastija

Би можело да ве интересира

Левица: Минималната плата под прагот на сиромаштија, секое трето дете живее во беда

Катерина Ѓуровски30/12/2025 - 11:03

Мицкоски: Стапката на сиромаштија бележи намалување

Горан Наумовски29/12/2025 - 13:2329/12/2025 - 13:52

Една четвртина од Европејците не ги плаќаат сметките на време, младите се најтешко погодени

Горан Наумовски26/11/2025 - 14:51

22 проценти од населението во Македонија во 2023 година живеело во сиромаштија

Катерина Ѓуровски23/09/2025 - 11:05

Во Македонија секое трето дете живее во сиромаштија

Катерина Ѓуровски14/05/2025 - 12:30

Левица: Додека функционерите уживаат во луксуз, секое трето дете во Македонија живее во сиромаштија

Горан Наумовски19/10/2024 - 10:52
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен