ДУИ се премисли: Гласаше за законот за земјоделците, иситот за кој беше против

Од:

Измените на законот за земјоделство и рурален закон, кој како владини предлог ДУИ го отфрли и гласаше против, денеска како предлог на пратеници од партијата на Али Ахмети дадоа зелено светло.

Мнозинството гласаше против предлогот законот на СДСМ за кој опозицијата тврдеше дека е подобар од владиниот предлог.

„Законот што СДСМ и коалиционите партнери го предложија во Собранието е многу подобар од нивниот предлог, но не беше прифатен. За жал пратениицте на ВМРО-ДПМНЕ го одбија и не го гласаа, и покрај сите обиди да докажеме дека постојат низа злоупотреби во поделбата на субвенциите. Со овој закон што го одбија ке имаше поголема транспарентност, односно секој граѓанин ќе можеше да знае кој се зема субвенции и дали има злоупотреби“, изјаво Горан Сугарески од СДСМ.

Од опозиционата ДПА реагираа и бараа објаснување зашто ДУИ за истиот закон еднаш гласала против, а сега гласа „за“.

„Зошто ДУИ гласаше против законот и предизвика да се малтретираат земјоделците, а сега го гласа истиот закон? Колку пари наплатија од ВМРО-ДПМНЕ за сега да бидат за истиот закон“, изјави Имер Алиу од ДПА.

Со денешното „за“ на ДУИ предлог законот влезе во процедура во Соранието во скратена постапка.

Би можело да ве интересира

Собранието ја отфрли интерпелацијата за министерот Тошковски

Горан Наумовски

Во Собранието пратенички прашања

Собранието ќе добие ново лого

Опозициските пратеници ќе им поставуваат прашања на премиерот и на министрите

Собранието одлучи: Се забранува употреба на пиротехника во затворен простор

Горан Наумовски

Пратеници од „Европски фронт“ поднесоа иницијатива за формирање на Анкетна комисија за трагедијата во Кочани