(ВИДЕО) СДСМ: Откако ја поскапе водата ВМРО-ДПМНЕ бега од граѓаните на Градско

Од:

„Откако ги покачија сметките за вода и ѓубретарина, и воведоа такса за бунари, ВМРО-ДПМНЕ и градоначалничката Жанета Чаушевска побегнаа од граѓаните на Градско.

Над 600 семејства во Градско потпишаа петиција за повлекување на оваа одлука.

Притисната од незадоволството кај граѓаните, локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ во Градско, организираше заеднички состанок на граѓаните со општинската Комисија за комунални дејности“, рече на денешната прес-конференција Љупче Иванов, член на Централниот одбор на СДСМ.

„На состанокот требаше повторно да се разгледа одлуката. А граѓаните да добијат можност да го искажат своето мислење, зошто не се согласуваат со зголемувањето на цените за вода и ѓубретарина.

Но, иако граѓаните дојдоа во голем број, на состанокот воопшто не присуствуваше градоначалничката на Градско, Жанета Чаушевска.

Од што се исплаши градоначалничката Чаушевска? Од сопствените граѓани? Или од прашањата, зошто се покачуваат цените за вода и ѓубретарина, и зошто се воведува бунарина во услови на голема сиромаштија и низок животен стандард?

Претседавачот на Советот на Општина Градско и претседател на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Ване Цветков, го напушти состанокот што самиот го свика. Очигледно неможејќи да се справи со револтот на засегнатите граѓани.

Бидејќи на граѓаните на Градско не им беше дозволено да ги постават прашањата, сега ние, јавно прашуваме:

Дали оваа одлука на ВМРО-ДПМНЕ за зголемување на цените за вода, ѓубретарина и бунари е за покривање на долгот на општина Градско во висина од над 500 илјади евра?

Дали недомаќинското работење на ВМРО-ДПМНЕ сега треба да го платат граѓаните на Градско?

Дали е постапено согласно законот и дали се одржани состаноци на Управниот и Надзорниот одбор на Комуналното претпријатие, во полн состав“, вели Љупче Иванов, член на Централниот одбор на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?