Aвстриската полиција приведе 13 џихадисти

Од:

Австриската полиција приведе 13 лица во акција против осомничени џихадисти, кои врбувале млади лица за да се приклучат кон радикалните групи во Сирија, соопшти обвинителството во австрискиот град Грац.

Според податоците на австриските медиуми околу 500 полицајци извршиле претрес на џамии и молитвени простории во Виена, Грац и Линц во рамки на истрагата, која е дел од мерките, што се преземаат во цела Европа за справување на исламистичките борци, кои се приклучуваат кон радикални сили во Сирија и Ирак.

Според обвинителството сослушани се 16 лица, осомничени дека се членови на терористичка мрежа. Во текот на извршените претреси конфискувани се материјали, кои пропагираат тероризам и пари.

Властите велат дека под истрага се над 150 лица од Австрија, кои се осомничени дека се поврзани со радикални исламисти на Блискиот Исток.

Би можело да ве интересира

Фон дер Лајен: Европа има резерви на гас и покрај уцената на Путин

Русија ја прекина испораката на гас за Австрија поради спор околу плаќањето

Горан Наумовски

Пронајдено телото на двојниот убиец од Австрија по кого полицијата трагаше со денови

А1он

Пронајден е автомобилот на убиецот Роланд Дрекслер, полицијата интензивно трага по него

Австриската полиција трага по убиецот на градоначалникот на општина Кирхберг

Убиство во Австрија: Ловџија усмрти градоначалник