Во Италија смртта на четири лица поврзана со вакцина против грип

Од:

Во Италија почина и четвртото лице чија смрт би можела да биде поврзана со вакцина против грип, пишува денеска весникот од Фиренца „Национале“.

Италијанските власти вчера ја прекинаа употребата на две серии на вакцини „Новартис“ поради претпазливост поради сомневање дека три смртни случаи би можеле да бидат поврзани со таа вакцина.

Четвртата жртва е 80-годишен маж, кој вчера починал во градот Прато во Тосканија, откако во средата примил вакцина.

Тој ја примил вакцината од една од двете серии кои се повлечени од употреба.

Италијанската фармацевтска агенција ги повика сите кои имаат неупотребени дози на Флуад од серијата 142701 и 143301 да стапат во контакт со својот лекар.

Двата смртни случаи кои би можеле да бидат предизвикани од вакцината се случиле на Сицилија, а третиот во јужниот регион Молиза, јави италијанската агенција АНСА.

Двете сомнителни серии се произведени во фабриката на „Новартис“ во Сиена, во Тосканија, за потребите на локалните клиники.

Италијанската фармацевтска агенција соопшти дека повлекувањето на вакцините од употреба е мерка на претпазливост со цел примероците од тие серии да бидат испитани.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Авион се запали пред полетување во Италија, итно евакуирани патниците

ВИДЕО: Четири гуми на авион на Рајанер пукнаа при слетување, колапс на аеродромот во Бергамо

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Експлозија во Италија: Се урна цела зграда, загинаа деца

Предраг Петровиќ

Американка која сама патува низ светот открива: „Не се чувствував безбедно во Албанија“

Предраг Петровиќ

Звезда без навивачи против Интер и Милан, италијанската полиција ќе ги запре Делиите

Предраг Петровиќ

Татко и син од Хрватска удриле со автомобил во камион во Италија, двајцата починале