Македонија во четвртиот „шешир“ за извлекувањето на групите за Еуробаскет 2015

Од:

Кошаркарската репрезентација на Македонија е одредена да биде во четвртиот „шешир“ за извлекувањето на групите за Европското првенство 2015 година (Еуробаскет 2015). Извлекувањето ќе се одржи на 8.декември годинава во Дизниленд, Париз со почеток во 16 часот.

Во „шеширот“ (барабан) со Македонија се уште и селекциите на Полска, Белгија и Италија, што значи дека ниту една од овие не може да ни биде ривал во групната фаза, ова денеска го објави ФИБА Европа.

Еуробаскетот 2015-та ќе се игра по истиот принцип како претходното Европско првенство во Словенија, а 24.те репрезентации ќе бидат поделени во четири групи по шест селекции.

Барабан 1: Франција, Литванија, Шпанија и Хрватска.

Барабан 2: Словенија, Украина, Србија и Финска.

Барабан 3: Грција, Турција, Летонија и Босна и Херцеговина.

Барабан 4: Послка, Белгија, Македонија и Италија.

Барабан 5: Германија, Израел, Чешка и Грузија.

Барабан 6: Холандија, Русија, Исланд и Естонија.

Детали околу извлекувањето на групите ќе бидат познати во текот на следната недела. Во првата фаза по групи домаќини ќе бидат четири држави: Хрватска (град Загреб), Франција (Монпеље), Германија (Берлин) и Летонија (Рига). Оваа фаза ќе се игра од 5 до 11.септември 2015 година, додека финалната фаза е закажана од 12 до 20.септември во Лил (Франција).

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос