Молдавискиот Апелациски суд донесе одлука според која проруската политичка формација „Патрија“ (Татковина) нема право да учествува на парламентарните избори в недела, бидејќи незаконски е финансирана од странство. Одлуката на Апелацискиот суд може да биде оспорена пред Врховниот суд.
Партијата ја раководи бизнисменот Ренато Усати, кои има деловни односи со руските државни железници. Оваа недела се појавија видео снимки, на кои тој вели дека ги претставува руските бизнис интереси во Молдавија.
Усати, кој е против приклучувањето на Молдавија во Европската унија и ја обвинува Владата за корупција, ја потврди автентичноста на снимките, но појасни дека за време на разговорот блефирал. Тој демантира дека добива финансиска помош од странство и тврди дека оваа одлука е политичка.
Анкетите покажуваат дека Партијата на Усати има поддршка од 13 отсто од гласачите.