Еден од најпознатите светски производители на кујни, француската компанија „Мобалпа“, израсна од мал салон за мебел во малото градче Тонес, што се наоѓа во преубавиот регион Рона-Алпи.
„Мобалпа“ секогаш се разликувала од другите произвидители на кујни, поради своите храбри дизајнерски решенија, кои се вклопуваат во „хај-тек“ сетовите.
Секоја кујна може да биде едноставана, составена од 4.000 различни модули, според желбите на купувачот. „Мобалпа“ нуди класика, „Арт Деко“, минимализам, висока технологија, природни материјали и светли бои.
„Мобалпа“ кујните се карактеризираат со рационално користење на просторот и практичност. Компнијата има и своја лабораторија, каде мебелот се тестира по стапката на стареење и поминува разни експериментални тестови.
Од средината на 90-те години на минатиот век, компанијата произведува и мебел за бањи и плакари, со ист ентузијазам како и при кујните, комбинирајќи го храбриот дизајн со практичноста и техничкото совршенство.