Најмалку 14.000 Косовци емигрирале само годинава

Од:

Директорот на секторот за државјанство, азил и миграција при косовското Министерство за внатрешни работи, Валон Красниќи, изјави дека врз основа на податоците со кои располага, во изминатите десет месеци од годинава Косово го напуштиле најмалку 14.000 граѓани.

Најголемо ниво на емиграција има во Урошевац, Штиме, Љипљан и Ѓаковица. Главниот фактор зошто граѓаните бегаат од Косово е сиромаштијата и големата невработеност. Според проценките, најмалку 30 отсто од Косовците живеат во сиромаштија а над 10 во екстремна сиромаштија.

Емиграцискиот бран во последните два месеца добива загрижувачки размери. Косовските медиуми јавуваат за масовно заминување кон западно европските земји на преполни автобуси со косовски граѓани, меѓу ннив и жени и деца. Сите овие Косовци плаќаат големи износи на пари за да најпрво заминат за Бујановац, па во Белград, Суботица па потоа стигнуваат во Хоргош, Унгарија.

– За да стигнат до таму поголемиот број од нив прават големи трошоци, поради што ги продаваат и своите куќи и имотот, дури и се задолжуваат земајќи кредити од банките. Потоа тргнуваат на патот за подобар живот во неименувана дестинација,-наведуваат медиумите.

Би можело да ве интересира

Кастрати: Целосен дебакл на Курти

Вучиќ: Во Брисел знаат која страна го кочи напредокот во дијалогот меѓу Белград и Приштина

(ВИДЕО) Шпанците уапсија нарко-бос од Косово, во рацијата уапсени се 10 лица

Горан Наумовски

Србија повторно ќе испрати барање за враќање на 1.000 српски војници и полицајци на Косово

Предраг Петровиќ

Вучиќ утре ќе се изјасни, на маса и опцијата за прогласување окупација на дел од територијата на Србија

Предраг Петровиќ

Четворица млади Срби на рочиште во северниот дел на Косовска Митровица