Прв државен натпревар на угостителско-туристичките училишта

Од:

Прв државен натпревар на средните училишта од Македонија „ЛИДЕР – во угостителско-туристичката струка” ќе се одржи денеска во Скопје под покровителство на Министерството за образование и наука и Центарот за стручно образование и обука.

Учениците треба да ги покажат своите способности во дисциплините готварство, угостителско послужување и хотелско-туристичко работење.

Натпреварите ќе се одржуват во средното угостителско-туристичко училиште на Град Скопје „Лазар Танев“ со почеток во 10 часот, а прогласувањето на победниците ќе биде во 14 часот.

Во рамки на натпреварот, ќе бидат промовирани и Златниот и Бронзениот медал кои учениците од СУГС „Лазар Танев“ ги освоија на европско првенство во Белград, од 17-ти до 22 ноември, во конкуренција на над 440 најелитни училишта од 32 земји.

Училиштето „Лазар Танев“ во најсилната европска конкуренција во натпреварите што ги организира Европската асоцијација на хотелско-туристички училишта – АЕХТ, во изминатите четири години по третпат освоија златен медал во дисциплината „Tourist destination”, и по вторпат бронзен медал во дисциплината готварство „Nouvelle cousine“. 

Би можело да ве интересира

Донесовме одлука за етапно покачување на платите на наставниците во период од четири години, вели Јаневска

За следната учебна година ќе има учебници за секое дете, вели министерката Јаневска

Деканите на Сити Колеџ: Ние ги градиме идните лидери!

A1on

Трамп потпиша извршна наредба за распуштање на Министерството за образование

Јаневска објави: Нов закон за средно образование ќе има наскоро

Хајделберг факултетот се доближува до идните академски граѓани: Започна караван низ средните училишта во Македонија

A1on