Мексиканскиот претседател Енрике Пења Нието објави денеска дека ќе преложи уставни реформи со кои би се поедноставила хаотичната структура на домашната полиција.
Гневот кон полицијата, но и мексиканската Влада кулминираше по шокантното киднапирање на 26 септември и масакрот на 43 студенти од колеџ во државата Гереро. Тој случај предизвика и меѓународен револт и го изложи на притисок Мексико да ја уништи корупцијата во полицијата и насилството на локалните банди.
Претседателот истакнува дека ќе биде донесен и нов закон против организиран криминал и ќе бидат редефинирани надлежностите во областа на казнениот систем. Пења Нието побара и посебна безбедносна операција на југоисток во Мексико каде наркомафијата има свои бастиони.