Роднини на жртвите од бродолмот на „Илинден“ во Охрид бараат 5,2 милион евра отштета

Од:

Во Софискиот окружен суд денеска почна судски процес по граѓанска тужба во врска со потонувањето на бродот „Илинден“ во Охридското Езеро во септември 2009 година, при што загинаа 15 бугарски државјани.

Со тужбата роднини на загинатите бараат над 5,2 милиони евра отштета од осигурителните компании „Алианц Ферзихерунг“ и „Германишер Лојд“. Тие, како што јави БТА, во тужбата наведуваат дека причина за потонувањето на бродот се извршените промени во структурата на „Илинден“, по што осигурителните компании оцениле дека бродот е безбеден.

Во текот на денешната судска расправа беа сослушани 14 сведоци, роднини и блиски на загинатите, кои изнесоа детали за трагедијата.

Судот на двете страни во спорот им даде рок од 20 дена да се запознаат со доказите во процесот, како и да бидат прибавени дополнителни информации за техничката експертиза за случајот.

Во врска со потонувањето на бродот, со кој над 50 бугарски туристи патуваа од Охрид до Свети Наум, во Макеоднија веќе се осудени сопственикот и капетан на „Илинден“, Сотир Филевски и техничкиот експерт Брано Баиќ.

За време на несреќата на бродот имало 53 патници, иако тој имал капацитет за 35 лица.

Би можело да ве интересира

Апасиев положи цвеќе на Прохор Пчински за јубилејниот АСНОМ

Предраг Петровиќ

Министерството за човекови и малцински права им го честита Илинден на Македонците во Србија

Мицкоски: Прогласувам мораториум на разговори на теми кои делат и ги злоупотребуваат етничките прашања, ги повикувам сите лидери да зборуваме за она што решава проблеми, економијата, образование, иновации

Крушево: Отворена манифестацијата „10 дена Крушевска Република“

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

„Борбата трае“ ќе биде мотото на државната прослава на 2 Август