(ВИДЕО) СДСМ: Трикратното убиство открива големи пропусти во процедурите на АРМ

Од:

„Трикратното убиство што го изврши професионален војник на АРМ, очекувано, не е доволно тежок инцидент за Јолевски и Котевски да си поднесат оставки.

Но, министерот за одбрана и началникот на Генерал Штабот вчера признаа пропусти во правилата и процедурите за работа во АРМ, со тоа што најавија формирање Комисија што ќе проценела кои процедури во АРМ требало да се зајакнат во иднина“, изјави на денешната прес-конференција Максим Димитриевски, претседател на Комисијата за одбрана на СДСМ.

„Прашуваме:

  1. Дали кога го најавуваат ова, Јолевски и Котевски можеби мислат на малиот број возила со коишто располагаат касарните на АРМ?  Според информациите од војската, поради недостиг на средства за гориво, намален е бројот на патролите со коишто се врши контрола на истурените стражарски места.

Дали своеволното напуштање на стражарското место од страна на војникот, било уредно пријавено, но не се реагирало навремено?

  1. Дали професионалните војници кои се вратени од кризни жаришта во светот имаат соодветен здравствен третман или подлежат само на редовен лекарски преглед?

Професионалниот војник кој уби тројца и се самоуби бил повратник од Авганистан.

  1. Дали е точно дека дел од професионалните војници немаат конкретни работни задолженија, туку работат што ќе им се нареди – од стража до лупење компири? И ова ли е професионален стандард?

Власта на Груевски ги задолжува македонските граѓани со милиони евра за споменици, но професионалните војници ги плаќа околу 300 евра. Според последните информации повеќе од два месеца им доцнат средствата на војниците за закупнина.

Овие бројни примери упатуваат дека АРМ е деградирана и потценета директно од власта.

Тројното убиство што го зави Злетово во црно е голем црвен аларм во каква состојба ни се безбедносните служби, посебно што овој инцидент е втор од ваков тип за само еден месец.

Јолевски и Котевски наместо да најавуваат комисии, треба да поднесат неотповикливи оставки. Ако тоа не го направат сами, Груевски и Иванов треба да го побараат тоа од нив“, рече Максим Димитриевски, претседател на Комисијата за одбрана на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Трајчулески: СДСМ поднесе интерпелација за Стоилковиќ, одговорност на извршителот на Вучиќ и неговите агенди во Владата на Мицкоски

Горан Наумовски

Мисајловски: Со реформата конечно го решивме прашањето на професионалните војници

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?