СУГС „Јосип Броз Тито“ стана енергетски ефикасно училиште

Од:

СУГС „Јосип Броз –Тито“ доби реконструирани покрив и фасада, со што стана енергетски ефикасен објект.

Промоцијата се одржа денеска во рамки на Деновите на енергетска ефикасност на Град Скопје, а присуствуваа градоначалникот Коце Трајановски, заменик-амбасадор на Германија во Македонија Ханс – Хелге Сандер, заменик на постојаниот претставник на ОН во Македонија Александро Фракасети, заменик – регионалниот проект раководител од ГИЗ (Германското друштво за интернационална соработка) Јасна Секуловиќ и директорката на СУГС „Јосип Броз –Тито“, Татјана Стојанова-Дуева.

Градот Скопје, според градоначалникот Трајановски, активно учествува во праземањето мерки за енергетска ефикансност во јавните објекти. Во СУГС „Јосип Броз-Тито“ заменети се речиси сите прозорци во енергетско ефикасни, заменет е покривот и направена е нова енергетски ефикасна фасада.

– Фасадата е направена со финансиска подршка од УНДП и чини 3.905.717 денари, од кои Градот учествува со 2.331.300 денари. Целата реконструкција е извршена со проект за реконструкција на фасада, кој Градот го поседува и има за сите средни училишта, кои се под наша надлежност. Со преземањето на овие мерки за енергетска ефикасност се предвидува заштеда на енергија околу 30 проценти, како подобрување на амбиенталната температура во просториите, а потоа и во намалување на внесената енергија за загревање, рече Трајановски.

Тој потсети дека во изминатите години направена е гасифиција на две средни училишта, СУГС „Горги Димитров“ и СУГС „Здравко Цветковски“, во тек е и гасификацијата на СУГС „Зеф Љуш Марку“ и СУГС „Арсени Јовков“. Средствата вложени во проектот, според него, се враќаат за помалку од две години, а има заштеда од околу 50 отсто.

Заменик амбасадорот на Германија забележа дека Грдаот Скопје е лидер од градовите во регионот во реализирање проекти за енергетски ефикасни објекти.

Со промоцијата на фасадата завршија Деновите на енергетска ефикасност 2014, што финансиски ги поддржа ГИЗ, а во чии рамки во СУГС „Боро Петрушевски“, учениците преставија велосипед, кој со неговото движење полни мобилни телефони, Градот изврши промоција на апликацијата Патувај зелено и велосипедските патеки во Скопје. Во Младинскиот културен центар се одржа филмски фестивал на тема „енергетска ефикасност“, каде беа прикажани едукативни филмови за граѓаните и директорите на училиштата и културните институции и професори, кои работат на тематика на заштита на природата и енергетска ефикасност. Ученици делеа едукативни материјали од областа на енергетската ефикасност во центарот на градот.

Би можело да ве интересира

48-годишен скопјанец е пронајден мртов во стан

Мицкоски: Mоите колеги кои ќе сакаат да градат академска кариера ќе треба малку повеќе да пишуваат научно-истражувачки трудови

Трка на Дедомразовци во Скопје – учествуваа над 800 натпреварувачи

А1он

Семејно насилство во Скопје: 39-годишен маж ја нападна сопругата и својата мајка

Град Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита на воздухот

Скопје ја започна празничната „Новогодишна зимска бајка“

А1он