ЕК: Без одлука за приклучувањето на Бугарија и Романија кон Шенген зоната

Од:

Советот на ЕУ се уште не може да донесе одлука за приклучувањето на Бугарија и Романија кон Шенген просторот, но Европската комисија дава целосна поддршка за вклучувањето на двете држави во зоната без гранични проверки, се посочува во последниот извештај на ЕК за состојбата на Шенген зоната, што денеска беше претставен.

Во документот е запишано дека од мај до октомври годинава миграцискиот притисок врз бугарските граници останал стабилен. Во овој период комисијата продолжила со своето набљудување на Бугарија и Италија за прашањето за подобрување на нивните системи за доделување азил.

Во документот се посочува дека набљудувањето се почитува за да се процени неопходноста од примената на механизмот за рано предупредување, подготвеноста и активностите при кризи.

Механизмот предвидува интервенција од ЕУ кога одредена земја е исправена пред пред засилен миграциски притисок за да се обезбеди оддржливост на системите за доделување азил, солидарност и поддршка за бегалците да добијат статус во засегнатите држави, пишува во објаснувањето на ЕК.

Комисијата дополнува дека Бугарија и уште седум држави од ЕУ засега не даваат доволно податоци за да се проценат патиштата на мигрантите.

Комисијата соопшти дека ја прекинала истрагата за сомненијата дека некои активности на граничната контрола меѓу Бугарија и Грција не соодветствуваат на барањата на Шенгенскиот кодекс. Истовремено, ЕК ја продолжува својата истрага против Бугарија и Грција за сомненијата за одбивањето на мигранти во регионот на надворешните граници на ЕУ.

Во извештајот се забележува дека Бугарија, Хрватска, Кипар, Полска и Романија до ЕК поднеле информација за немање визна реципрочност со САД, Австралија, Канада, Јапонија и Брунеи. Комисијата предложила да посредува во преговорите меѓу сите овие држави и доколку биде можно да се состави распоредот на активности, визите при првата можност ќе отпаднат.

Би можело да ве интересира

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

(ВИДЕО) Епилогот од хаосот во Букурешт – Косовските фудбалери одбија да се вратат на теренот

Пратениците во новиот бугарски парламент не се договорија за претседател

Борисов: Победата на ГЕРБ-СДС е дефинитивна, се обврзавме да формираме влада

Бугарите викендов одат на седми предвремени избори во последните четири години, неизвесно е кој ќе биде иден мандатар

Руски дронови создаваат паника во Романија