Спречен шверц на хероин и марихуана на „Богородица“ и „Табановце“

Од:

Царината спречи обид за шверцување еден килограм хероин и три килограми марихуана, пронајдени во автобуси кои сообраќаат на релација Скопје-Виена и Истанбул-Струга.

Хероинот се обидел да го прошверцува македонски државјанин кој патувал со автобус што сообраќал на редовна линија Истанбул-Струга. Вчера утрото на граничниот премин Богородица за влез во државата се пријавил автобус со турски регистарски ознаки, кој царината го селектирала за детална контрола. При извршен личен претрес кај патникот И.И. (51) македонски државјанин, во внатрешноста на јакната што ја носел на себе, под поставата се пронајдени 24 паковки со вкупна тежина од околу еден килограм наполнети со непозната кафеава прашкаста материја, која на тестер за наркотици покажа индикации дека се работи за наркотична дрога хероин. Сомневањата ги потврди вештачењето извршено во Одделот за криминалистичка техника при МВР.

По преземање на случајот од страна на инспекторите од Одделението за истраги при Царинската управа, во текот на спроведените предистражни мерки, утврдено е дека лицето И.И (51) хероинот го набавил за 7.000 евра во Истанбул со цел да го пренесе и продаде во Македонија, односно во Тетово.

Осомниченот е приведен и предаден во Основниот суд – Велес, а Царинската управа до надлежното Основно јавно обвинителство против него поднесе кривична пријава за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

Судија на осомничениот му изрече мерка притвор во траење од 30 дена.

Во Вториот случај, марихуаната цариниците ја пронашле во автобус кој се пријавил за излез од Македонија на граничниот премин Табановце, а била скриена  во најлонска ќеса под едно од седиштата.

Целиот предмет е предаден на Одделението за истраги, кои во координација со Основното јавно обвинителсво во Куманово презема дејствија за утврдување на сите факти и докази во врска со овој случај.

Би можело да ве интересира

Систем „Безбеден град“: Излезот кон Тетово и Пластичарска – најризични делници во главниот град

А1он

Пријава за Џејла Рамовиќ, настапувала без дозвола во клуб во кичевско

Тројца Грци уапсени на „Стар Дојран“, шверцувале муниција

СДСМ: Зошто МВР на Тошковски дозволило да се случи концертот на Аца Лукас

Најсмртоносна операција против дрога во Бразил: Уште еден полицаец загина

Од 15 ноември задолжителна е зимска опрема, потсетува МВР