Речиси половина од турските бизнисмени очекуваат зголемување на корупцијата

Од:

Приближно половината од турските бизнисмени, или 46 проценти, сметаат дека корупцијата во земјата и натаму ќе се зголемува, но во тоа не гледаат голема пречка за бизнисот, пишува денеска весникот „Хуриет дејли њуз“, повикувајќи се на извештај на Друштвото на турски индустријалци и бизнисмени (ТУСИАД).

Во рамки на истражувањето спроведено во периодот јуни-јули подготвениот прашалник на Друштвото го пополниле  801 бизнисмен.

Најголемите три проблеми за бизнисот во Турција, според податоците од анкетата, се високите даноци, трошоците на трудот и сивата економија.

Поткупите и корупцијата се доживуваат како проблеми од средно значење за бизнисот.

Од истражувањето станува јасно дека бизнис заедницата е конфузна во однос на прашањето што точно претставува корупцијата. На пример, на прашањето дали финансиските подароци или опрема за државна институција, побарани од јавни личности треба да се земе за корупција, само 11 проценти од анкетираните одговорили „не е точно“, а седум проценти кажале „апсолутно не“, забележува „Хуриет дејли њуз“.

Според анкетираните бизнисмени, трите главни причини за корупција во земјата се „нееднаквоста во платите“, „стремежот кон заработка и власт“ и „неприменување на законите“.

Околу 60 проценти од анкетираните изјавиле дека не кажуваат за корупција, а 30 проценти објасниле дека реагираат така затоа што „нема законска процедура за тоа“. Дванаесет проценти од анкетираните посочиле дека информирањето за случаи на корупција „нема да донесе никаков резултат“.

Околу 70 процента од учесниците во истражувањето сметаат дека колективни дејствија можат да доведат до намалување на корупцијата или осознавање на нејзините последици во општеството, а 54 проценти се на мислење дека е неопходна примена на законот, ревизи и јасни казни.

Би можело да ве интересира

Ердоган: Турција ги прекина односите со Израел

Ердоган: Нема објаснување зошто процесот на пристапување на Турција во ЕУ е блокиран со години

Ердоган: САД ги користат терористичките организации на Блискиот Исток за свои интереси

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Турција ги нападна Курдите во Ирак и Сирија во знак на одмазда за терористичкиот напад кај Анкара

Горан Наумовски

Русинка го оставила своето новороденче на аеродромот во Турција: „Не знаев дека сум бремена“

Мицкоски: Заедно со невладиниот сектор ќе се бориме против криминалот и корупцијата