Охрид повторно заборавен од власта

Од:

„Премиерот на Република Македонија и претседател на владеачката партија ВМРО – ДПМНЕ, предизборно, најави неколку проекти меѓу кои и почеток на изградба на автопатишта во Република Македонија, зошто шест месеци пред локалните избори, тоа го знае најдобро самиот.

Но, Охрид повторно е заборавен. Граѓаните сеуште ќе чекаат подобри времиња за изградба на автопатот од Кичево до Охрид. Пристапот до најатрактивниот туристички центар сеуште ќе биде преку инфраструктура со мизерни услови. Игнорирањето на Охрид, и понатаму е дел од политиката на владата и на премиерот Груевски“ велат од општина Охрид.

Од таму велат дека маргинализирајќи го Охрид, и упатувајќи ги туристите кон нивниот проект “Скопје 2014”, дрско објавуваат лажни податоци за споредбата на бројот на туристи кои ги посетиле Општина Охрид и Општина Центар во Скопје.

„Груевски веќе нема простор околу неговите тактики за Охрид. Отфрлувајќи го, како да не е дел од Република Македонија, тој само им штети на граѓаните. Но, затоа пак граѓаните на Охрид, осум години континуирано го казнуваат на избори. Така ќе биде и во наредните, барем четири години“ велат од локалната самоуправа.

Мики Трајковски

Би можело да ве интересира

Уште се поплавени домови, дворови, имоти, евакуираните во Кичево и натаму се во спортската сала

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Излеани реки, поплавени населби, одрони – дождот направи проблеми

Катерина Ѓуровски

ЦУК: Од обилните врнежи има поплавени куќи во Охрид и Кичево, евакуирани се 100 лица

Земјотрес во Охрид и околината со интензитет од четири степени според Европската макросеизмичка скала

Земјотрес во Охрид

Нормализиран е сообраќајот на патот Охрид – Св. Наум