Нов пораз на кошаркарките на Бадел во регионалната лига

Од:

Нов пораз на женскиот кошаркарски шампион на Македонија, екипата на Бадел во регионалната Јадранска лига.

Овој пат македонските кошаркарки се поразени од шампионот на Босна и Херцеговина екипата на Челик.

Дуелот од 6.коло во Јадранската конкуренција одигран вечерва во Скопје, го добија гостинките со 45:65 по четвртини 13:16, 9:14, 11:21 и 12:14.

И на овој натпревар Анџелика Мирташиновиќ беше најефикасна кошаркарка кај Бадел постигнувајќи 20 поени.

Поразот од Челик е четвртиз за нашите кошаркарки во исто толку одиграни средби во регионалната конкуренција, во која следниот меч ќе го играат на 4 декември, на гости во Словенија, против екипата на Гросбаскет.

Покрај овој натпревар, во рамки на шестото коло ќе се сретнат уште: Венеција – Триглав, Будуќност – Партизан и Радивој Кораќ – Гросбаскет.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос