Ахмети се сретна со амбасадорот на САД Волерс

Од:

Претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети и амбасадорот на САД Пол Волерс на денешната средба разговарале за политичките случувања во Македонија, улогата на опозицијата, евроатланските интеграции и за спорот за името.

Во соопштението од ДУИ се наведува дека на секоја средба со американските власти, лидерот Ахмети ја нагласува позитивната и охрабрувачка улога на САД во регионот.

Важноста што ДУИ им ја посветува на евроатланскиот интегративен процес е приоритетна затоа Македонија во НАТО и ЕУ може да биде стабилна земја, во мир и сигурност, со здрави меѓуетнички и соседски односи, економски развој и општествена благосостојба. Затоа, како што се наведува во соопштнието, Ахмети смета дека улогата на САД во олеснувањето на постигнувањето решение меѓу Скопје и Атина е од клучно значање и неопходно.

Успехот на овој процес, стои во текстот, има големо влијание во негувањето здрави меѓуетнички односи, но и во спроведувањето на реформите во земјата за постигнување на меѓународните стандарди и ДУИ е партнер на меѓународните пријатели во остварувањето на овие цели.

ДУИ, како што се наведува во соопштението, ги поддржува напорите за спречување на учество на борци од земјата во странски конфликти.

Ахмети и Волерс, исто така разговарале и за внатрепартиските избори во ДУИ, кои според лидерот на ДУИ се одвиваат во рамки на демократска дебата и очекува овој процес да заврши наскоро.

Би можело да ве интересира

Хамнеи: Промените во американската администрација нема да го променат односот на Вашингтон кон Иран

Дете почина од морбили во Њујорк, прв смртен случај од болеста во последните 30 години

(ВИДЕО) САД извршија ограничени напади врз иранскиот остров Кешм

Аналитичари откриваат која американска нуклеарна бомба би можел да ја употреби Трамп за напад врз планината Пикакс во Иран

Иран се заканува со силен одговор на каков било напад, Емиратите стравуваат од нова војна

Трамп вети 5.000 долари за секој Американец ако републиканците победат на изборите

А1он