Договорени носителите на државите функции во Косово

Од:

Демократската партија на Косово (ПДК) на Хашим Тачи и Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК) на Иса Мустафа го финализираа коалицискиот договор, јави дописникот на МИА.

Според договорот, Мустафа ќе биде новиот косовски премиер, а Тачи нов шеф на државата, по истекот на мандатот на актуелната претседателка Атифете Јахјага во 2016 година. Кадри Весели пак ќе биде нов претседател на Парламентот.

Професорот Арсим Бајрами, кој претходно беше кандидат на ПДК за претседател на Парламентот, најверојатно ќе биде нов министер за образование.

Во однос на министерските места, партијата на Мустафа ќе добие седум, на Тачи осум. додека за партиите на малциснтвата се предвидени четири ресори, од кои два за Србите.

Во очекување на покана за влез во новата влада „Српската листа“ има и свои услови. Според претседателот Александар Јаблановиќ, нивните усови се формирање на Заедницата на српските општини, враќање на имотот на Српската православна црква и на Србите протерани од нивните имоти и анулирање на приватизацијата на претпријатијата во средини каде живеат Србите.

Новата Влада и владината програма, според договорот, ќе бидат оодбрни на седница на Парламентот на 8 декември, односно точно шест месеци од денот на одржувањето на изборите.

Би можело да ве интересира

Кастрати: Целосен дебакл на Курти

Вучиќ: Во Брисел знаат која страна го кочи напредокот во дијалогот меѓу Белград и Приштина

(ВИДЕО) Шпанците уапсија нарко-бос од Косово, во рацијата уапсени се 10 лица

Горан Наумовски

Србија повторно ќе испрати барање за враќање на 1.000 српски војници и полицајци на Косово

Предраг Петровиќ

Вучиќ утре ќе се изјасни, на маса и опцијата за прогласување окупација на дел од територијата на Србија

Предраг Петровиќ

Четворица млади Срби на рочиште во северниот дел на Косовска Митровица