Високата претставничка на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Кетрин Ештон нема план за решавање на проблемите во северно Косово, изјави анонимен службеник на Европската комисија, пишува белградска „Политика“.
Со ова тој ги демантира тврдењата на медиумите во Приштина дека високата претставничка, оваа недела на српската и косовската страна ќе им го претстави својот план за северниот дел на Косово, базиран на планот што своевремено го направи Марти Ахтисаари.
„Во овој момент пред се сме фокусирани на продолжувањето на дијалогот меѓу Белград и Приштина, а за некаков план за северот нема разговор“, изјавил изворот од Брисел.
Ештон за време на Генералното собрание на ОН во Њујорк ќе има одделни средби со претседателот на Србија, Томислав Николиќ и со премиерот на Косово, Хашим Тачи.