Прогласени најдобрите пет студентски бизнис планови

Од:

Со врачување парични награди и ваучери со кои се покриваат трошоците за регистрација на фирма во Централниот регистер денеска беа прогласени петте најдобри бизнис планови во рамки на проектот „Организирање бизнис натпревар – Биди перспективен започни свој бизнис“, чија цел е поттикнување на претприемничкиот дух меѓу младите, преку подготовка на студентите и младите претприемачи за отпочнување на сопствен бизнис.

Првонаградениот бизнис план „Make your mobile happy with battery full“ на Бесарта Џони доби вредносен чек од 330.000 денари, второнаградениот преокет „Решенија за паметен дом“ на Никола Николовски е награден со 230.000 денари, третата награда и чек од 130.000 денари ја доби Петар Миновски за бизнис планот „BBP Academy, the future of e-learning“, четврта е Ана Миновска со проектот „Иновативност, креативност, мобилност“ за кој доби награда од 100.000 денари, додека петтата награда и ваучер од 60.000 денари му е доделена на Панче Рибарски за бизнис планот „Паметна градина“.

Проектот се спроведуваше во две фази од кои во првата студентите и младите потенцијални претприемачи аплицираа со бизнис идеи, а во втората фаза со биснис планови. На јавниот повик пристигнаа 56 апликации, од кои од специјална комисија беа селектирани 40 најдобри бизнис идеи кои потоа поминаа обука составена од 13 модули со цел своите бизнис идеи ги преточат во бизнис планови. Во втората фаза од проектот пристигнаа 29 апликации од кои само 19 ги исполнуваа сите барани критериуми. По нивната евалуација е изработена ранг-листата со првите пет бизнис планови.

– Подигањето на општествената свест за конкурентноста, иновативноста и претприемништвото треба да започне од најрана возраст, односно за време на студиите. Основањето, пак, на мали фирми зависи од претприемачите кои имаат идеа и се подготвени да преземат ризик за да ја реализираат. Токму компаниите од типот на Гугл, Фејсбук, Епл, Мајкрософт,… кои денеска бележат огромни  бизнис успеси во суштина започнаа како сосема  мали бизниси на нивните креатори, а дел од нив почнаа со работа во гаражи, им прача министерот за економија Беким Незири на наградените.

Тој истакна дека малите и средните претпријатија имаат важна улога во генерирањето на економскиот раст и креирањето на нови работни места.

– Од контактите кои сум ги имал со младите најголема пречка  за да отпочнат со нов бизнис најчесто им е недостатокот на финасиски средства. Токму затоа и наредната година ќе продолжиме со давање нанагради за стимулирање на идеи за претпримеништво кои ќе бидат реализирани од студенти и тоа наместо пет ќе доделиме десет ваучери. Планираме во иднина во реализацијата на овој преокт да се вклучат и приватни компании кои би партиципирале во  финансискиот дел и во обезбедување работни места за првонаградените, рече Незири.

Ректорот на УКИМ, проф. д-р Велимир Стојковски посочи дека ваквите настани се од особено значење, бидејќи имаат за цел да ги стимулираат младите да започнат свој бизнис.

– Бизнис секторот и претприемништвото се основни чинители кои придонесуваат за развојот на општеството, а на современите потреби на пазарот можат да се прилагодат само добро едуцираните кадри. Токму затоа манифестациите од овој вид се особено значајни за стимулирање на претприемачкиот дух на студентите, рече Стојковски.

Манифестацијата што се одвива втора година по ред е организирана од Министрството за економија во соработка со Кабинетот на вицепремиерот за економски прашања, Министерството за образование и наука, Националниот совет за претприемништво  и конкурентност, УКИМ, ДУТ, Агенцијата за поддршка на претприемништвото, Бирото за развој  на образованието и Бизнис стартап центаро при Машинскиот факултет во Скопје.

Би можело да ве интересира

Од Македонија годишно заминуваат околу 2500 високообразувани кадри

Катерина Ѓуровски

Мицкоски најави ваучери за таблети за сите студенти во вредност од 250 евра

Министерството за образование нема да го плати долгот од осум милиони евра за студентски превоз без судска одлука

Катерина Ѓуровски

Бостонската полиција уапси 100 студенти на протестите против војната во Газа

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

Студентското собрание го презентираше Студентскиот манифест – неопходно е општествените чинители да се запознаат со итноста од преземање на мерки