Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа со победа ги почна натпреварите на фјучрс турнирот во Анталија (земјена подлога) што се игра за награден фонд од 10.000 долари.
Таа денеска во меч од првото коло ја победи Швајцарката Ким Фонтана со 7-5 и 6-1 во сетови.
Во следното коло Ѓорческа ќе игра против квалификантката од Бугарија Стефани Арсова, која со 7-6 и 6-4 ја победи Украинката Олена Кирпот.
Арсова и Ѓорческа денеска ќе бидат ривалки и во мечот во двојки. Нашата тенисерка со Пиа Кониг од Австрија се рангирани како втори носителки и ќе играат против Бугарките Арсова и Невена Георгиева.