Неодамна е направен уште еден чекор кон колонизација на Месечината и дел од експертите веруваат дека за 40 години првите луѓе ќе почнат да живеат на Месечината.
За да почнат воопшто да размислуваат за населување на Месечината, прво треба да создадат услови за живот за човекот, т.е. да се заштитат луѓето од екстремните температури, зрачењето и метеорите, а Европската вселенска агенција ЕСА, во соработка со компанијата Фостер + Партнерс објави планови за изградба на ефтини населби во кои луѓето би можеле безбедно да живеат. Со оглед дека изградбата и испраќањето на целосно заштитените населби на Месечината би било прескапо, во ЕСА планираат такви населби да се градат директно на Месечината со користење на материјали од самата Месечина и роботски 3Д печатари.
На јужниот дел од Месечината на кој владејат најповолни услови, имаат намера да испратат мала лунарна база со купола и два роботски 3Д печатари кои се состојат од дел за собирање на материјали од површината на Месечината, реголитот, магацин со материјали за печатење и роботска рака на која се наоѓа главата за печатење. Овие роботи би собирале материјал од месечевата површина и директно би го нанесувале околу лунарната база, т.е. би го користеле како материјал за печатење на заштитен слој околу лунарната база. А целиот тој процес би траел околу три месеци, а бројните нанесени и испечатени слоеви треба да ја заштитуваат куполата од сите надворешни влијанија, како екстремните температури и метеорите, па луѓето кои би живееле внатре би биле целосно безбедни.
3Д печатењето нуди голем потенцијал за развој на населби на Месечината со редуцирана логистика од Земјата – за Индепендент коментираше Скот Ховланд од ЕСА. Лунарните бази ќе имаат воздушни комори и дополнителни модули за техничка поддршка кои треба да ги решаваат сите евентуални проблеми, а во таква база можат да живеат четири лица, со тоа дека со тек на време населбите на Месечината би можеле да се поврзуваат и да направат помали споени населби.