Собраниска делегација на 12. состанок на Мешовитиот комитет во Стразбур

Од:

Делегација на Собранието на Република Македонија ќе учествува на 12. состанок на Мешовитиот парламентарен комитет-Република Македонија и Европска унија што денеска и утре ќе се одржи во Европскиот парламент во Стразбур.

На 12. состанок се очекува да бидат разгледани повеќе прашања во врска со односите меѓу Македонија и ЕУ, актуелната политичка ситуација во државата по одржаните предвремени избори во 2014, владеењето на правото, реформите во судството и јавната администрација, борбата против корупцијата, потоа за слободата на изразување и медиумите, економските и финансиските случувања, како и за добрососедските односи и регионалната соработка во контекст на ПСЈИЕ.

Во македонската собраниска делегација се пратеникот Кенан Хасипи, како претседател на делегацијата на Собранието на Република Македонија во Парламентарниот комитет за стабилизација и асоцијација (ко-претседавач на овој комитет), пратеникот Артан Груби, потпретседател на делегацијата (заменик ко-претседавач на комитетот), пратениците Антонио Милошоски, Силвана Бонева, Владимир Ѓорчев, како членови и пратеникот Беким Фазлиу, заменик-член на делегацијата.

Се очекува на состанокот обраќање да има и вицепремиерот задолжен за евроинтеграции Фатмир Бесим.

Дванаесеттиот состанок на Мешовитиот комитет се одржува согласно Спогодбата за асоцијација и стабилизација на Република Македонија и Европската унија и според Деловникот на Мешовитиот парламентарен комитет-Република Македонија и Европска унија.

Би можело да ве интересира

Собранието го донесе Законот за задолжување на државата со заем од 260 милиони евра

Собранието го усвои Законот за младински додаток, 3.000 денари за млади до 23 години

А1он

Собранието не го прифати предлогот за едно државјанство за министрите

Горан Наумовски

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители

Собранието изгласа укинување на техничката влада

А1он

Собранието ја одобри постапката за укинување на техничката влада

Горан Наумовски