Кај тетовското село Вратница денеска ќе биде поставена спомен плоча во чест на американскиот бомбардер Б-24Д од Втората светска војна кој се урна на ова место на 26 август 1944 година. На поставувањето на спомен облележјето ќе присуствуваат американскиот амбасадор во земјава Пол Волерс и министерот за одбрана Зоран Јолевски.
Спомен плочата е изработена со грант од Амбасадата на САД реализиран преку локалната невладина организација на ветерани на АРМ.
Спомен плочата се поставува во чест на екипажот на бомбардерот и на жителите на Вратница кои помогнаа во несреќата.
Кога бомбардерот се урнал во 1944 година жителите на Вратница им укажале помош на тројцата преживеани и ги закопале шестмината загинати во несреќата.