Кожув останува непоразен во БИБЛ лигата

Од:

Кошаркарите на Кожув ја продолжија победничката серија во регионалната Балканска лига (БИБЛ).

Гевгелискиот тим попладнево на гостувањето во Скадар, Албанија, славеше победа убедливо со 80:52 против Влазнија во натпревар од 5.коло на Б групата.

Четворица кошаркари на Кожув средбата ја завршија со двоцифрен број на постигнати поени, а најмногу реализира Горан Главчев кој постигна 16 поени.

За Кожув ова беше четврти триумф во БИБЛ лигата и заедно со екипата на тимот на Рилски спортист од Бугарија, остануваат единствените непоразени во ова натпреварување.

Токму Рилски спортист утре од 19 часот гостува на „жешкиот“ терен во Куманово, кај истоимената екипа, на мегдан кај нашиот втор претставник во БИБЛ лигата.

Со евентуална победа кумановци ќе го превземаат првото место на табелата во А групата, во која утре ќе се игра и дуелот меѓу црногорските екипи Сутјеска и Теодо.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос