Рјабков: Желбата на Украина за членство во НАТО ги зголемува регионалните тензии

Од:

Настојувањата на Украина да влезе во НАТО ќе водат само кон влошување на ситуацијата во таа држава и зголемување на регионалните тензии, изјави денеска заменик-министер за надворешни работи на Русија, Сергеј Рјабков.

– Уверен сум дека она што го најави украинското раководство води кон понатамошно влошување на ситуацијата во Украина. Тоа нема да донесе безбедност во Украина и нема да го подобри животот на украинскиот народ, изјави Рјабков.

Тој коментирајќи ја најавата на украинскиот претседател Петро Порошенко дека неговата држава може да одржи референдум за членство во НАТО, Рјабков посочи дека тоа е „последица од илузии“.

– Тоа е последица од илузии во кои украински лидери и многу луѓе на Западот живеат. Илузија е дека е ова западна геополитичка игра и дека човечкиот живот не значи ништо. Жалам што тие лидери се занесени од такви илузии, истакна Рјабков.

Би можело да ве интересира

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

НАТО функционер за АНА-МПА: Северна Македонија под уставното име влезе во Алијансата

Русија ја обвини Канада дека ги оправдува нацистичките злосторства

Песков: Белоусов e номиниран за министер за одбрана поради иновативноста и конкурентноста

(ВИДЕО) Руски медиуми: Автобус полн со луѓе падна во река во Санкт Петербург, има загинати

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Автобус полн со патници падна во река во Санкт Петербург

Горан Наумовски