(ВИДЕО) Активисти: Потребен е нов закон против семејно насилство

Од:

На денешниот протест пред Министерствто за труд и социјална политика, невладините организации побарааа подобрувања нау Законот за превенција и спречување и заштита од семејно насилство и државата да одвои повеќе финансии за отворање на сервиси кои ќе им бидат достапни на граѓаните и на жртвите 24 часа и седум дена во неделата, затоа што насилството се случува и преку викенди. Тие препорачуваат законот да ги препознат девојките и жените како посебна ранлива група, а покрај остранување на сторителот од домот, законот да наметне обврска да се следи движењето на сторителите за да се гарантира безбедноста на жртвите.

Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство која е мрежа од 27 организации кои работат на проблематиката на семејно насилство и која беше член на Националното координативно тело за семејно насилство во рамки на Министерството за труд и социјална политика не беше вклучена во работната група за креирање на новиот Закон за превенција, спречување и заштита од семејно насилство. Всушност, ниту една невладина организација не била поканета да биде дел од овој процес.

-Тоа е недозволиво во ситуација на постоење на закон кој предвидува вклучување на граѓанскиот сектор во процесите на креирање на закони. Поради тоа имаме сериозни забелешки за начинот на изготвување на овој предлог закон, и нашето исклучување од консултативниот процес и покрај неколкуте обиди од наша страна да предложиме решенија и да бидеме вклучени во суштинска дебата рече Санела Шкријељ, активистка.

Активистите Латифе Шиковска од НВО Амбрела Шуто Оризари и Сашко Јованов од Платформата против сиромаштија пред Министерството за труд ја читаа црната листа на случаите на злосторства врз жените жртви на семејно насилство.

Би можело да ве интересира

Скопјанец со нож и се заканувал на сопругата

Скопјанка го нападнала сопругот и свекорот, па искршила дел од покуќнината

Mаж од Делчево ја претепал сопругата

Левица: Семејното насилство да се гони по службена должност – потребни се итни промени на Кривичниот законик

Горан Наумовски

Татко од Битола секојдневно си ги тепал и ги малтретирал децата

Битолчанец ја киднапирал и крвнички ја тепал поранешната партнерка, продолжил да ја удира и откако си ги исекла вените

Катерина Ѓуровски