На социјалната мрежа „Фејсбук“ е направена страница „Слободна Војводина“ на која се повикува на отцепување на северната српска покраина од Србија и се поставени фотографии со натписи „Војводина е Република“.
„Војвдина е наша гордост и ќе биде Република“ е слоганот од профилната фотографија на оваа страница, а на неа се поставени фотографии кои ја симболизираат северната српска покраина, како самостојна држава, пишува српски „Телеграф“.
Исто така на фотографиите може да се види дека војници на армијата на Србија се потенцијална мета на таканаречената Противвоздушна одбрана на Војводина.
-Да биде јасно, ние немаме врска со Чанак, тој одамна се продаде на Белград, ниту не интересира какво било понижување преку приказната за „автономија на Војводина“. Можеме да ја прифатиме само како Република во федерална заедница со Србија или како независна Војводина- стои на еден од статусите на оваа страница. Администраторите на оваа страница повикуваат и на боење на графитите, на кои е напишан симболот „четири С“.
Е. Г.