Експлозија во фабрика во Војводина, двајца работници загинаа, двајца се тешко повредени

Од:

Двајца работници загинаа, а двајца се тешко повредени како последица на експлозијата во фабриката „Аутофлекс Ливница“ во Чока, Војводина.

Работниците починале во Клиничкиот центар во Војводина, каде биле донесени во тешка состојба поради изгореници, јави Радиотелевизија Војводина (РТВ).

Несреќата се случила во текот на ноќта кога дошло до ненадејно исфрлање на течно леано железо од печката за леење, се додава во весникот.

Несреќата предизвикала пожар, кој го изгаснала Единицата за противпожарна заштита и спасување, а за се е известено Основното јавно обвинителство во градот Кикинда, изјавија за РТВ од Полициската управа Кикинда.

Медиумите додаваат дека материјалната штета во фабриката е голема, а според очевидци експлозијата била слична на ерупција.

Фабриката „Аутофлекс Ливница“ изработува предмети, алати и делови за машини.

Би можело да ве интересира

Нови Сад со сепаратистички натписи: „Плоштад на Република Војводина“

Наум Локоски

ФОТО: На „Фејсбук“ повикуваат за отцепување на Војводина

Емир Латифовиќ

Парламентот на Војводина го усвои покраинскиот Статус

Ана Ололовска

Предлогот за Статутот на Војводина потврден, следи усвојување во Нови Сад

Ана Ололовска

Сојузот на Унгарците во Војводина покажа интерес за пет министерства во новата српска Влада

Ана Ололовска