(ВИДЕО) Заев: Ја фрливме ракавицата и знаеме што очекуваме

Од:

„Ја фрливме ракавицата и пред Груевски и пред целата македонска јавност, апсолутно знаејќи за што зборуваме. За она што го очекуваме од тие докази и аргументи, гарантираме со својот политички кредибилитет, толку многу веруваме во нив“, рече на трибината во Кавадарци, претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

„Знаете како беше со Македонска банка? Со Актор? Со имотите на Мијалков? Со становите на властодршците во Скопје? Ја објавивме аудио снимката? Молк. Молк. Страв им беше на луѓе да ја погледнат снимката. Се криеја дома од своите жени, за да ја видат и разбирливо, за да не наштетат на семејството.

Медиумите никаде не ја пренесоа.

Видовте како постапуваат Јавното обвинителство и судството?

Видовте колку имаме правна држава во нашата земја?

Видовте која е разрешницата на обелоденувањето на аргументите и доказите?

Сите знаеме дека ако имаме институции во државата, ако имаме Министерство за внатрешни работи, за државата, не за партијата на власт, ако имаме Јавно обвинителство како што треба, ако имаме судови, ако имаме Антикорупциска комисија, досега опозицијата ќе ги приложеше таму аргументите и ќе беше заборавен Груевски.

Немаме, немаме државни институции. Наивни сме ние? Да очекуваме сега правда? Да очекуваме правна разрешница на тоа што ќе го правиме?

Сите кои бараат во моментов доказите да бидат испорачани, треба да знаат дека не би биле со искрена намера кон државата, ако добро не го осмислиме тоа, ако навремено согласно нашата стратегија не го направиме, ако не сме убедени дека ќе даде резултат, отрезнување и нормализирање на државата наша, јас би рекол и заминување на злото од Македонија, и се до тогаш нема да ги направиме чекорите.

Никој нема право да ја скрие вистината од граѓаните на Р. Македонија и вистината граѓаните ќе ја дознаат. Но истите тие наши сограѓани и граѓани, заслужуваат лидерите на опозицијата да им гарантираат успешност. На прашањето: „Претседателе Заев, кај ти е војската за да го победиш ова?“ – еве ја дел од војската којашто се огласи, во оваа сала, а имаме уште две чети со нас: едната се вика Вистината, а другата се вика Правда.

Заедно со граѓаните, предводени од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и опозиционите партии, ќе ја донесеме Македонија таму каде што треба да биде, нормална земја, достоинствено место за живот на сите граѓани“, рече Зоран Заев.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Дата-центрите се иднината на човештвото, вели Мицкоски: Опозицијата користи застарени аргументи

Шест недели молк – СДСМ прашува зошто се крие целосниот извештај за водата во Гостивар

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Апелација да постапи веднаш – „Талир 2“ не смее да заврши со спас на Никола Груевски

СДСМ: Стратешкото партнерство со САД оди заедно со членството во ЕУ

Горан Наумовски

СДСМ: Дизелот над 100 денари – четврто поскапување за еден месец и нов удар врз семејниот буџет

СДСМ: Избори ќе закаже кога ќе снема пари – Ние нема да му бидеме алиби, но граѓаните ќе му бидат сведоци

Горан Наумовски