МО: Осомничениот за тројното убиство во Злетово е професионален војник на АРМ

Од:

Министерството за одбрана и Генералштабот на АРМ потврдија дека осомничениот за тројното убиство во Злетово е професионален војник на АРМ.

МО и ГШ на АРМ го осудуваат чинот на тројното убиство, заради што им даваат целосна поддршка и асистенција на органите на МВР, со цел за што побрзо расветлување на причините и околностите, поради кои се случи трагичниот настан во Злетово.

Во соопштението од МО се напоменува дека согласно Правилото за обезбедување објекти, материјални средства и луѓе во АРМ и неговата примена во однос на подготовката на припадниците на АРМ пред извршување на должноста, кај професионалниот војник од страна на лекар е утврдена добра здравствена и психофизичка состојба.

Во досегашниот период, од претпоставените старешини и во системот на командување и контрола во АРМ, не е регистринано кршење на воената дисциплина, ниту непочитување на правилата и прописите од страна на осомничениот професионален војник.

Би можело да ве интересира

Во сообраќајка на патот Битола – Прилеп загина 17годишна девојка

А1он

Млад возач од Крушопек прегази во Скопје гевгеличанка на велосипед

А1он

Мисајловски најави забрзана модернизација на одбраната во 2026 година

Пронајдени двајца починати мажи во Тетовско

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата